Лидерите на Г7 положија венци во Хирошима пред почетокот на самитот

од Stefanija Kuzmanovska
186 прегледи

Лидерите на Групата 7 (Г7), во пресрет на самитот, положија венци во Хирошима, речиси 78 години откако САД фрлија нуклеарна бомба врз тој град.

На самитот во Хирошима главен фокус на лидерите на земјите-членки ќе биде војната во Украина, а на самитот ќе присуствува лично и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој во недела ќе пристигне во Хирошима, јавува „Ројтерс“.

Пред почетокот на самитот во близина на местото каде што се светските лидери се одржа и антивоен протест. Учесниците на протестот скандираа „НЕ за самитот. НЕ за војната“, јавува Би-Би-Си.

Претходно беше објавено дека САД и другите членки на Г7 ќе презентираат нови санкции и мерки за контрола на извозот против Русија на самитот во Хирошима поради војната во Украина.

Се очекува Велика Британија да објави забрана за продажба на руски дијаманти и увоз на бакар, алуминиум и никел. Дополнително, Лондон ќе воведе санкции против 86 лица и компании од рускиот воено-индустриски комплекс, како и оние кои се вклучени во енергетската и металната индустрија.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека Европа ќе ја ограничи и продажбата на руски дијаманти.

Слични содржини