Лидерите на повеќето земји-членки на НАТО ја поздравија најавата на претседателот и премиерот на Финска дека земјата треба да поднесе барање за влез во алијансата.
Во заедничката изјава, финскиот претседател Саули Нинисто и премиерката Сана Марин ја објавија својата поддршка за членство во НАТО, чекор кон членство во Северноатлантската алијанса за оваа скандинавска земја, која дели речиси 1.300 километри граница со Русија.
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска на Твитер ја објави својата поддршка за чекорот на Финска кон членство во НАТО, велејќи дека разговарал со финскиот претседател.
„Ја поздравувам одлуката на Финска да го поддржи пристапот на земјата во НАТО без одлагање. Во телефонски разговор со претседателот Нинист, ја изразив целосната поддршка од федералната влада“, напиша Шолц на Твитер.
Ich begrüße die Entscheidung Finnlands, sich für einen unverzüglichen Beitritt des Landes zur @NATO auszusprechen. In einem Telefonat mit Präsident @niinisto habe ich #Finnland die volle Unterstützung der Bundesregierung zugesichert.
— Bundeskanzler Olaf Scholz (@Bundeskanzler) May 12, 2022
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки рече дека одлуката на Финска да поднесе барање за членство во НАТО е „одлична вест за Полска и европската безбедност“.
Finland's decision to initiate @NATO accession is great news for Poland and Europe's security. I congratulate @niinisto and @MarinSanna for this important move. Poland supports Finland joining NATO as quickly and smoothly as possible.
— Mateusz Morawiecki (@MorawieckiM) May 12, 2022
Премиерот на Чешката Република Петр Фиала изјави дека неговата земја „секако“ ќе го поддржи обидот на Финска да се приклучи на алијансата.
Vítám rozhodnutí Finska ucházet se o členství v Severoatlantické alianci.
Pokud se rozhodne do NATO vstoupit, samozřejmě ho podpoříme.
— Petr Fiala (@P_Fiala) May 12, 2022
Романскиот претседател Клаус Јоханис рече дека неговата земја е подготвена да ја поддржи Финска во нејзиниот пристап во НАТО.
I welcome the Joint statement by 🇫🇮 President Sauli Niinistö @niinisto & Prime Minister @MarinSanna on Finland’s NATO membership. Romania 🇷🇴 is a strong promoter of @NATO’s Open Door Policy and stands ready to support 🇫🇮 in the process of NATO accession. Together we are stronger!
— Klaus Iohannis (@KlausIohannis) May 12, 2022
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел го опиша потегот на Финска како „историски чекор“ кој „во голема мера ќе придонесе за европската безбедност“.
Unity and solidarity of @NATO and EU have never been closer.@niinisto and @MarinSanna paving way for Finland to join NATO.
A historic step, once taken, that will greatly contribute to European security.
With Russia waging war in #Ukraine it’s a powerful signal of deterrence.
— Charles Michel (@eucopresident) May 12, 2022
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека влезот на Финска во НАТО „дефинитивно“ ќе претставува закана за Русија, дека Финска се приклучила на „непријателските чекори на ЕУ“ и дека Русија треба да одговори на тоа.