Лидерите на Полска и Унгарија повикаа за “културна контрареволуција” во ЕУ

од Vladimir Zorba
87 прегледи

64fbb9eb-f232-442a-83c4-8894f2617f94_w610_r1_s

Полскиот претседател Јарослав Качински и унгарскиот премиер Виктор Орбан повикаа на културна контрареволуција, со цел да се надмине кризата, која според нив ја зафатила ЕУ, сооптши “Франс прес”.

Брекзит е прекрасна можност за започнување на културна контрареволуција, изјави синоќа унгарскиот премиер на Економскиот форум во полскиот град Криница-Здруј.

Според Качински, лидер на полската владејачка партија “Право и правда”, одлуката на британскиот референдум не покажува само промени во расположението од другата страна на Ламанш, туку криза на европската свест,која зафатила неколку западни земји.

Полскиот лидер изброи неколку европски кризи – економската криза од 2008 година, која според него е темперирана, но се уште не е надмината, миграцискиота проблем, судирот меѓу Германија и земјите од Јужна Европа, кризата на европската рамнотежа, се должи на слабеењето на Франција , Италија и Шпанија и оддалечувањето на Велика Британија. Тоа доведува до ситуација на хегемонија во корист на Берлин.

Според него единствениот одговор е во реформата на ЕУ.
“Овие промени треба да доведат до културна контрареволуција, да потсетам дека богатството на Европа е во различноста на нејзините култури, нивните разлики и различните структури”. Обид да се интегрираат овие елементи ќе стане европската култура “во популарна култура, де факто американска”, што ќе означува огромно влошување за Европа, истакна Качински.

Друга можна опција е да се зачуваат работите во сегашната состојба, додаде Качински. Според него, тоа ќе е можно, ако Германија прифати да направи напори, споредливи со оние за реконструкција на поранешната ГДР, што е еквивалентно на околу 2.000 милијарди евра. Според полскиот лидер сепак Берлин не е во состојба да го стори тоа.

Орбан, кој беше прогласен вчера за Маж на годината на форумот, изрази слични ставови. Тој ги обвини европските елити дека сакаат да го отстранат националниот идентитет. Според него, денес иницијативата ја имаат оние кои сметаат дека националниот и верскиот идентитет сеу ште играат важна улога. Не постои европски идентитет, кој треба да ги замени, истакна Орбан.

Вишеградската четворка, членови на која се Полска и Унгарија, планира да претставати заеднички став на самитот на 27-те земји од ЕУ за состојбата на Европската унија по Брекзит на 16 септември во Братислава.