Откако дел од лидерите на коалицијата ВРЕДИ, коментирајќи го мечот меѓу Албанија и Италија на Европското првенство од пред два дена, го ословија тимот на Албанија со „нашата репрезентација“, претседателот на Советот на Град Скопје и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, преку социјалните мрежи го упати прашњето: „Ако матична држава на нашите сограѓани етнички Албанци е Македонија, а не Албанија, според која логика фудбалската репрезентација на Албанија може да биде национален тим?“.
Национален тим?
Зошто кога консензуално се договоривме и прифативме дека нашите сограѓани етнички Албанци не се малцинство во Република Македонија, некои нивни лидери самите ги промовираат во малцинство?!
Разбирливо е за едно малцинство да се поистоветува со институции во… pic.twitter.com/rl4rAF6w9X
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) June 17, 2024
„Национален тим? Зошто кога консензуално се договоривме и прифативме дека нашите сограѓани етнички Албанци не се малцинство во Република Македонија, некои нивни лидери самите ги промовираат во малцинство?! Разбирливо е за едно малцинство да се поистоветува со институции во матичната држава. Но, ако матична држава на нашите сограѓани етнички Албанци е Македонија, а не Албанија, според која логика фудбалската репрезентација на Албанија може да биде нивен национален тим“ – пишува Славески.
Еве ја и реакцијата на идниот министер за здравство на Македонија: