Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти

од Vladimir Zorba
418 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти вчера беше домаќин на лидерите на коалицијата „Вреди“ во Северна Македонија, Билал Касами, Арбен Таравари, Изет Меџит и Африм Гаши, на кои им го честитал изборниот резултат на 8 мај, велејќи дека тоа е првпат албанската опозиција да достигне над 100 илјади гласови, јави Коха.мк.

На средбата се разговарало за прашања од значење за Албанците во Северна Македонија, но и за меѓудржавните односи, како и за други важни прашања.

-Загржувачко за соговорнците е руското и српското влијание, кое се случува и преку коруптивни и криминални мрежи. Развојот на инфраструктурата што ги поврзува Косово и Северна Македонија беше една од главните теми на разговор, заедно со идеи и проекти за заживување на економската, културната и образовната соработка, наведува весникот.

Средбата, според кабинетот на Курти, минала во духот на срдечната соработка, имајќи предвид дека „Албанците на Балканот се фактор за поддршка на демократизацијата, европските интеграции, евроатлантскиот мир, безбедноста и стабилноста“.

Слични содржини