123
Лидерите на шесторката од Западен Балкан денеска потпишаа три договори за мобилност на Самитот на Берлинскиот процес, со кои се овозможува патување со лична карта во регионот, меѓусебно признавање на универзитетски дипломи и професионални квалификации.
Договорите ги потпишаа премиерката на Србија Ана Брнабиќ, премиерите на Северна Македонија Димитар Ковачевски, премиерот Дритан Абазовиќ на Црна Гора, Еди Рама од Албанија, претседателот на Советот на министри на БиХ Зоран Тегелтија и премиерот на Косово, Албин Курти.
Договорите беа потпишани во присуство на германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, како и генералниот директор на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу.