Лидерите во недела на средба кај Пендаровски

од Vladimir Zorba

Претседателот Стево Пендаровски испратил покана до парламентарните политички партии за лидерска средба во недела во Вила Водно, откако францускиот претседател Емануел Макрон не го промени ставот за проширувањето, со што Македонија повторно остана без почеток на преговорите.

Според изворите на Локално, владејачките СДСМ и ДУИ, но и останатите партии од албанскиот блок ја прифатиле поканата и ќе учествуваат на средбата, а одговор од ВМРО-ДПМНЕ се уште нема. Од претседателската вила не кажуваат дали ќе се одржи средбата, но велат дека ќе излезат со информација навремено.

Локално испрати прашања до ВМРО-ДПМНЕ дали ќе присуствуваат на лидерската, но од таму не одговорија на нашите прашања.

А.Т.

Слични содржини