319
Лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република, Денис Пушилин, денеска изјави дека судот ќе одлучува за судбината на украинските војници кои се предале во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, пренесоа локалните руски медиуми.
Руското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека вкупно 959 украински војници, вклучувајќи 80 ранети, се предале од бункерите и тунелите под фабриката за челик Азовстал.
Највисоките украински команданти во фабриката за челик Азовстал во Мариупол се уште се внатре во фабриката и допрва треба да се предадат.