Лидерот на либански Хезболах, Сајед Хасан Насралах денес изјави дека е задоволен од „понижувачкиот пад“ на американскиот претседател Доналд Трамп, но исто така им порача на регионалните сојузници да не „паѓаат на финтите од САД или Израел“ до крајот на неговиот мандат.
Насралах ја опиша администрацијата на Трамп како „една од најлошите, ако не и најлошата, во историјата на САД“.
„Сепак, не очекувам новиот претседател да ја промени про-израелската политика на Блискиот исток“, рече тој.
Насралах ги опиша американските избори како „потсмев на демократијата“, обвинувајќи го Трамп дека не може да се контролира себеси и рече дека неговата администрација, со својата „ароганција и агресија“, ги зголемува шансите за војна.
Лидерот на Хезболах е особено среќен поради падот на Трамп затоа што, како што рече, „Трамп нареди атентат врз иранскиот генерал Касем Сулејмани“.
„Кога станува збор за личност како Трамп, сè е можно до крајот на неговиот мандат. Оската на нашиот отпор треба да биде подготвеноста на државата да им возврати двојно посилно на Американците или Израелците ако не допрат“, рече Насралах.