Лидерот на Крим: Завршена евакуацијата на жителите од областа Херсон

од Stefanija Kuzmanovska
200 прегледи

Евакуацијата на жителите на Херсонската област од десниот кон левиот брег на реката Дњепар е завршена, објави на Телеграм лидерот на Крим, Сергеј Аксјонов, по посетата на Херсон заедно со првиот заменик-шеф на администрацијата на претседателот на Русија, Сергеј Кириенко.

„Го посетив Херсон заедно со првиот заменик-шеф на администрацијата на претседателот на Русија, Сергеј Кириенко. Отидовме до пристаништето и траектниот премин на реката Дњепар. Работата на преместување на локалното население на левиот брег на Дњепар и безбедните руски региони се завршени. Мило ми е што сите оние кои сакаа да ја напуштат областа, која е под украински оган, успеаја да го сторат тоа брзо и безбедно“, рече Аксјонов во четвртокот, пренесе ТАСС.

На 8 октомври, вршителот на должноста гувернер на регионот Херсон, Владимир Салдо, објави дека цивилите кои живеат на десниот брег на реката Дњепар ќе бидат евакуирани на левиот брег, поради ризик од поплави во случај украинската армија да ја нападне хидроцентралата Каховка.

Слични содржини