Лидерот на републиканците во Сенатот му ја честиташе победата на Бајден

од Nikola Popovski

Лидерот на републиканското мнозинство во американскиот сенат, Мич Мекконел, денес им честитал на  новоизбраниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камила Харис за победата на изборите на 3 ноември, откако електорите ги потврдиле резултатите од изборите.

„Од утрово нашата земја официјално има избран претседател и потпретседател. Изборниот колеџ го даде своето мислење. Сакам да му честитам на новоизбраниот претседател Џо Бајден“, рече Меконел пред спикерот на Сенатот во вторникот.

Според Си-Ен-Ен, неговата изјава е значајна со оглед на тоа што многу републиканци во Сенатот не сакаат да ја признаат победата на Бајден и покрај одлуката на Изборниот колеџ.

Мекконел, републиканец од Кентаки, претходно зборувал за мандатот на Доналд Трамп во минатото.

Тој ги пофали достигнувањата на администрацијата на Трамп, потенцирајќи го економскиот просперитет, надворешната политика и назначувањата во судството.

„Аутсајдер кој се заколна да го разниша Вашингтон и да ја одведе нашата земја кон нови достигнувања, го стори токму тоа дома и во странство. Претседателот Трамп и потпретседателот Мајк Пенс заслужуваат голема благодарност за нивната неуморна работа и клучните улоги во овие и многу други победи“, рече Мекконел.

Слични содржини