Лидерот на сестринската партија, Орбан на гости кај Груевски

од desk3
99 прегледи

Виктор Орбан утре доаѓа во Македонија. Тој, овојпат во улога на лидер на Фидес, владејачката партија во Унгарија и сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ од Европските народни партии, ќе има средба со Груевски во Охрид. Таму ќе се задржи само неколку часа.

Пред два дена, партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ во состав: Спиро Ристовски, Никола Попоски и Александар Николоски имаше средба со делегација на партијата Фидес, на која што, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, од страна на раководството на Фидес беше дадена безрезервна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и посака успех на престојните локални избори.

Груевски и Орбан последен пат официјално се сретнаа во Будимпешта на 8 јуни, кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ присуствуваше на средба на десничарските партии од Балканот организирана од унгарскиот премиер и тогаш беше договорено следната таква средба да се одржи во октомври