Лидерска средба, без уцени: „Мицкоски одбројува како во лош акционен филм“

од Берта Китинска

Премиерот Димитар Ковачевски ќе прифати лидерска средба на стратешки теми, но не и за предвремени избори.

„Неодговорно е да се бојкотира Собрание, во време на војна и кризи, во време кога цените на енергенсите постојано растат, кога не може да се обезбеди транспорт на жито во Украина“, кажа премиерот Димитар во врска со лидерската средба со претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Тој тврди дека со закани и уценувања нема да има лидерска средба. Само за теми од стратешко значење, може двајцата да седнат на маса.

„Во вакви услови да барате предвремени е неодговорно и е за политички цели. Лидерска средба за стратешки прашања и подобар живот на граѓаните, справување со енергетската криза може да има. Лидерска средба за претење и уценувања, а претседателот на опозицијата одбројува како во акционен филм – нема да има. Дека постои комуникација меѓу сите партии“, порача Ковачевски.

И самиот Ковачевски ги кажа причините поради кои мора да има лидерска

„Самиот Димитар Ковачевски ги кажа причините поради кои мора да има дијалог, лидерска средба на која треба да се разговара и за избори“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Поскапувањето, инфлацијата, енергетската криза, стагнацијата на патот кон ЕУ се работите на кои граѓаните чекаат решенија и одговори.Одговорноста за незрелото однесување на Ковачевски ќе биде единствено на оваа влада.СДСM има позиција дека подобро државата да е во криза, само Ковачевски и неговата дружина да се на позиции и да ги имаат во посед функционерските фотелји, или колку полошо за народот толку подобро за СДСM“, додаваат тие.

Слични содржини