Лидерска средба денеска нема да има

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Лидерска средба меѓу претседателите на најголемите политички партии во земјава денеска нема да има. Информацијата официјално ја потврди лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со американскиот конгресмен Елиот Енгел во Собранието на РМ.

груевскизаев(1)
Ахмети во краток коментар рече дека наскоро ќе следи соопштение. Медиумите уште од вчера вечерта излегоа со информација дека за денеска е закажана нова лидерска средба, но информацијата немаше потврда од ниту една од политичките партии.

Инаку, првично се договарало средбата да биде во 11 часот, но потоа таа се поместил наводно за во 13 часот, по што дојде информацијата дека воопшто нема да се одржи.

Дел од учесниците во преговорите побарале дополнително време за консултации, па лидерската може да се одржи и утре.