Лидерската средба помеѓу Мицкоски и Заев ќе се одржи во недела

од Vlatko K
149 прегледи

Премиерот Зоран Заев го прифати барањето за лидерска средба со Христијан Мицкоски, на која ќе се разговара за актуелните политички случувања во Република Македонија.

Како што објави Курир, лидерската средба ќе се одржи во недела. Се наведува дека власта и опозицијата се подготвени да седнат на заедничка маса и да зборуваат за актуелните политички случувања, претседателските избори, иднината на Република Македонија како и за патот на Македонија кон НАТО и Европската унија.