Лидерството на Трамп во време на пандемија

од Stefanija Kuzmanovska
176 прегледи

Секојдневните брифинзи за пренесување информации во врска со јавното здравје се претворија во политички собири на западното крило на Белата куќа – Трамп понуди малку начини за пласирање на точни медицински информации или изразување емпатија за жртвите на коронавирус, од кој досегаа починаа повеќе од 54.000 Американци. Наместо тоа, американскиот претседател ги користеше брифинзите за да ги нападне своите ривали или да се пофали себеси и неговите сојузници, проценува „Вашингтон пост“.

Само во изминатите три недели, Трамп зборуваше 13 часа – од тоа, два часа ги искористи за напади и 45 минути за да се пофали себеси и неговата администрација, но само четири и пол минути изразувајќи сочувство до жртвите на коронавирусот.

Анализата на секојдневните брифинзи на Белата куќа за коронавирусот во периодот 6 април до 24 април открива дека Трамп од 346 поставени прашања, во своите одговори напаѓал 113 пати, односно во третина од неговите одговори. Во изминатите три недели, 87 негови коментари или одговори – цели 47 минути – вклучуваа фактички неточни коментари, истакнува „Вашингтон пост“.

Медицинските работници исто така добија значително помалку време од Трамп. Дебора Биркс, која го надгледува одговорот на администрацијата на вирусот, зборуваше скоро шест часа, додека Ентони Фаучи, експерт за заразни болести, зборуваше нешто повеќе од два часа на 22 состанока.

Слободниот пристап на Трамп прерасна во политичка криза минатата недела, по опасниот предлог на претседателот на брифингот на 23 април дека инјектирање избелувач или други средства за дезинфекција може да излечи коронавирус – „скоро како чистење“. Забелешките отворија расправија низ целата влада и доведе до тоа Трамп да им каже на помошниците во петокот дека ќе ги прескокне средбите во текот на викендот.

После ова, неговите соработници сакаат да го преместат неговиот јавен фокус на јавноста на нешто што е попознато за него: разговор за економијата, во строго контролирани услови, пишува „Асошиејтед Прес“.

Од многуте промени предизвикани од пандемиската криза, можеби најважно е понатамошно повлекување на САД од светската сцена. Неуспехот на Трамп да го преземе водството – внатре во Америка и надвор од неа- создава загрижувачка перспектива за светот во кој Кина е доминантна сила, оценува лондонски „Тајмс“.

 

Слични содржини