Лидл ќе отвори свои продавници во Македонија

од Nikola Popovski
548 прегледи

Германскиот трговски синџир „Лидл“ ја регистрираше својата компанија во Македонија. Придружницата на Лидл Северна Македонија Дооел со седиште во скопски Центар ќе биде управувана од бугарската филијала, а паричниот влог изнесува 500.000 евра, објави вчера Централен регистар.

Сопственик е германската матична компанија ВЕ-Интернационал Цвајте ГмбХ од Некарзулм, но субјектот специјализиран за трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун ќе биде управуван од Софија, од бизнисмените Милена Емилова Драгијска, Бисер Борисов, Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев. „Лидл“ планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри.

Во моментов „Лидл“ има 100 продавници во Бугарија на 49 локации и вработува 3.000 работници, а има експанзионистички план за оваа година за отварање на уште пет маркети и вработување на уште 250 луѓе. Нето-профитот за 2019 во Бугарија бил 41,25 милиони евра.

 

Слични содржини