„Лидл“ ќе вложи 300 милиони евра во Скопје и ќе отвори и неколку маркети

од Vladimir Zorba
464 прегледи

Премиерот Зоран Заев, претставувајќи го Интервентниот план за инвестиции изјави дека германскиот ланец маркети „Лидл“ ќе инвестира 300 милиони евра во земјава.

-„Лидл“ ќе вложи 300 милиони евра во Скопје и ќе отвори и неколку маркети во Скопје и уште во седум други градови. „Лидл“ ќе има обврска да откупува земјоделски и кондиторски производи, и да ги продава во своите ланци низ Југоисточна Европа – рече Заев.

Вкупната вредност на Интервентниот план за инвестиции ИПИ 2021-2027 изнесува повеќе од осум милијарди евра, порача премиерот Зоран Заев при денешната презентација во Владата.

Слични содржини