Лидс и се закани на Барса со сериозни последици доколку не плати за Рафиња

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Лидс има одредени сомнежи за солвентноста на Барселона. На почетокот на летото клубот го продаде Рафиња на Шпанците за 58 милиони евра, а за многумина е изненадување како Каталонците можат да си дозволат вакви зделки во позадина на нивната тешка финансиска состојба.

Сопственикот на Лидс, Андреа Радрицани прецизираше дека за еден месец очекува клубот од „Камп Ноу“ да почне да плаќа според договорот.

„И не знам како наеднаш нашле пари од Барса (за трансферот на Рафиња) и како се работи таму. Не ми е јасно… ќе ви кажам во септември (напомена – ако плати Барса). Меѓутоа, ако не го направат тоа, ќе имаме сериозен проблем“, се закани шефот на тимот од Јоркшир во интервју за „Гардијан“.

Во принцип, Лидс имаше договор со Челси за продажба на бразилскиот интернационалец, но самиот играч сакаше во Барса. Сега Радрицани ги откри деталите.

„Постигнавме договор со Челси и потоа се срамев од тоа како морав да одам кај Тод Боли (сопственикот на Челси) за да ги променам работите. За мене тоа беше непочитување кон Боли, но немав избор. Можев да одлучам да не го продадам Рафиња, па дури и ја претпочитав таа опција, но немав избор. Веќе имавме интерес за него од Тотенхем и Арсенал. Понудата на Челси беше најдобра, но слична е и онаа со Барса“.

Слични содржини