ЛИГА ЕВРОПА: Јунајтед оди на Реал Сосиедад, Монако пристигнува во соседството

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Ждребот за Лига Европа денеска донесе неколку интересни натпревари во групната фаза од натпреварувањето.

Англиски Манчестер Јунајтед ќе оди на мегдан со Реал Сосиедад во групата Е, додека Арсенал ќе се соочи со ПСВ во групата А.

Се очекува интересен судир меѓу Рома и Бетис во групата Ц, како и Црвена звезда и Монако во групата Х.

Натпреварувањето во групната фаза во Лига Европа започнува на 8 септември за кога е закажано првото коло.

Следните термини се 15 септември, 6, 13 и 27 октомври и 3 ноември, кога се игра последниот натпревар.

Во ждрепката учествуваа 32 екипи кои беа поделени во осум групи од по четири екипи.

Во иста група не можат да играат претставници од иста земја.

Група А

Арсенал
ПСВ
Боде/Глимт
Цирих

Група Б

Динамо Киев
Рен
Фенербахче
АЕК Ларнака

Група Ц

Рома
Лудогорец
Бетис
Хелсинки

Група Д

Брага
Малме
Унион Берлин
Сент Жил

Група Е

Манчестер Јунајтед
Реал Сосиедад
Шериф
Омонија

Група Ф

Лацио
Феенорд
Митјиланд
Штурм

Група Г

Олимпијакос
Карабаг
Фрајбург
Нант

Група Х

Црвена звезда
Монако
Ференцварош
Трабзонспор

Слични содржини