Лига Европа никогаш посилна: Барса, Порто, Дортмунд, Севиља…

од Vladimir Zorba
295 прегледи

Ждрепката за шеснаесетфиналето на Лига Европа ќе се одржи во 13 часот во Нион, Швајцарија.

Денеска ќе дознаеме кој ќе се бори за пласман во осминафиналето на Лигата на Европа во февруари 2022 година.

Лига Европа никогаш не била посилна, бидејќи поранешни европски шампиони и повеќекратни победници на Лига Европа се квалификуваа за плејофот од Лигата на шампионите.

Второпласираните од групата на Лига Европа ќе играат против неносителите кои доаѓаат од Лигата на шампионите како второпласирани од своите групи.

Носители се: Ренџерс, Реал Сосиедад, Наполи, Олимпијакос, Лацио, Брага, Бетис и Динамо Загреб.

Од Лигата на шампионите се приклучуваат: Барселона, Севиља, Аталанта, Зенит, Борусија Дортмунд, Шериф Тираспол, Порто и Лајпциг.

Победниците од овие дуели ќе играат како неносители против победниците од групите во Лига Европа: Лион, Монако, Спартак Москва, Ајнтрахт Франкфурт, Црвена звезда, Галатасарај, Баер Леверкузен, Вест Хем.

Екипите од иста земја не можат да се сретнат во осминафиналето.

Шеснаесетфиналето ќе се игра на 17 и 24 февруари 2022 година.

Слични содржини