Лига на нации: Франција на Белгија, Италија против Шпанија

од Nikola Popovski

Француската фудбалска репрезентација ќе се сретне со Белгија во полуфиналето од Лигата на нациите, одлучено е денес со ждрепка во Нион.

Во второто полуфинале домаќинот на завршниот турнир Италија ќе игра против Шпанија.

Натпреварите ќе се играат на 6 и 7 октомври 2021 година на стадионите на Јувентус во Торино и на милански Сан Сиро. Финалето и натпреварот за третото место ќе се играат на 10 октомври.

Минатата година првото издание на Лигата на нации го освои Португалија откако во финалето ја совлада Холандија со 1-0.

Слични содржини