Лига на Нации: С.Македонија изгуби дома од Бугарија

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Бугарија ја совлада Северна Македонија со 1:0 во жестоко неизвесен натпревар од Лигата на нациите.

Кирил Десподов им донесе успех на Бугарите со гол во 50. минута по асистенција на Радослав Кирилов.

Натпреварот на „Тодор Проески“ во Скопје се одигра под тензична атмосфера која ја создаде публиката, која најпрвин ја исвирка националната химна на нашиот источен сосед, а потоа не престанаа да ги навредуваат Бугарите со разни грди епитети.

Победа беше важна за Бугарите во однос на претстојната ждрепка за квалификациите за ЕП 2024 во Германија и распоредот на екипите во урните за истата.

Слични содржини