Лихвар фатен дома со поголема сума пари

од Nikola Popovski
101 прегледи

МВР извести дека уапсен е возрасен жител на Кичево поради сомнение дека е сторител на кривично дело „лихварство“.

-На 15.10.2024 во 15.30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Л.А.(64) од Кичево поради сомнение дека е сторител на кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. Со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени поголема сума пари во различни валути и апоени, златен накит и други предмети, стои во полицискиот билтен.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини