Лихвар за заем од 2500 денари барал камата од 11.000

од Nikola Popovski

МВР информира дека поднеле кривична пријава против Б.К.(36) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.

Како што велат од СВР Радовиш, минатата година во февруари, пријавениот на М.Б. од Радовиш му дал на заем 2.500 денари, при што договорил несразмерно висока камата од 100%, односно за две недели должникот требало да му врати 5.000 денари.

Откако парите не му биле вратени, пријавениот му се заканил на М.Б. и го принудил да му врати 11.000 денари.

Слични содржини