Лил му го нанесе вториот пораз на ПСЖ

од desk4
117 прегледи

 Тимот на Лил му го нанесе вториот пораз на Пари Сен-Жермен во Лига 1 и ја одложи промоцијата на „парижаните“ во шампион на Франција. Во дуелот на прво и второпласираниот тим одигран синоќа на теренот на Лил, по изедначеното прво полувреме (1:1), домаќините одиграа фуриозно во вторите 45 минути и направија голем исчекор кон пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Резултати на неделните натпревари од 32.коло во Лига 1:
Монпеље – Тулуз 2:1
Рен – Ница 0:0
Сент-Етиен – Бордо 3:0
Лил – ПСЖ 5:1.

И покрај поразот, ПСЖ е убедливо прв со 17 бода предност од Лил и се наоѓа пред одбрана на шампионскиот трофеј.

Табела: ПСЖ 81 бод (натпревар помалку), Лил 64, Олимпик Лион 56, Сент-Етиен 53, Олимпик Марсеј 51,