278
Портланд забележа убедлив триумф со 115:87 над Њујорк на натпреварот одигран утрово кој го одбележа Дејмиан Лилард со 31 постигнат поен.
За Портланд ова беше десетта победа на 25 одиграни средби оваа сезона, додека Њујорк е тимот со најлош биланс досега со само четири победи и дури 20 порази.
Резултати на другите три натпревари од НБА лигата играни ноќта вторник кон среда:
Шарлот – Вашингтон 114:107
Мајами – Атланта 135:121
Филаделфија – Денвер 97:92.