Ќерката на Џони Деп и Ванеса Паради, Лили-Роуз, ја сними првата корица за Vogue, а кадрите се дело на познатиот моден фотограф Брус Вебер.
Убавата ѕвездена наследничка зборува пред Модната библија за своите славни родители и поконкретно за тоа какво воспитување добила од две интернационални ѕвезди од шоубизнисот.
Лили Роуз признава дека мајка ѝ и нејзиниот татко не биле особено строги со неа, бидејќи сакале таа да расте слободна и независна.
17-годишната убавица, која тргнала истовремено по стапките на татко си како актерка и оние на мајка си – како модел на Chanel, вели: “Моите родители не се строги. Тие отсекогаш сакале да ги донесувам сама сопствените одлуки. Затоа и не пораснав бунтовничка. Едноставно нема против што да се бунтувам. ”
Иако родителите не биле строги со неа, самата Лили Роуз вели дека е исклучително строга и умерена кон своите настапи во Instagram.
Таа вели: “Навистина ја користам социјалната мрежа на свој начин. Никогаш не откривам премногу за себе. Откако еднаш ќе почнете да им давате на луѓето премногу лични детали од животот, тие едноставно стануваат алчни и сакаат сè повеќе и повеќе. ”
Во меѓувреме, Лили-Роуз призна во претходното интервју за ELLE дека растењето во центарот на вниманието е деликатна ситуација.
“Чувствително е на моја возраст да растеш во Холивуд и да се обидуваш да си сосема нормален тинејџер”, вели мис Деп.
Неодамна самиот Џони изјави дека е многу современ татко. “Лили Роуз знае дека може да ми каже сè. Таа не се плаши да споделува. Ние сме супер блиски и јас сум многу горд со нашата врска. ”
Видете ги сликите на ѕвездената наследничка во галеријата.