Лимај и Ахмети денеска во Брисел на средба со тимот на Могерини

од desk2
101 прегледи

Сопретседателите на државниот тим на Косово за преговори со Србија, лидерот на Социајлдемократската партија на Косово (ПСД), Шпенд Ахмети и вицепремиерот и лидер на Социјалдемократската иницијатива (Нисма), Фатмир Лимај, ќе се сретнат денеска во Брисел со претставници на канцеларијата на посредничката во дијалогот, шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, но не и со претставници на српската страна, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што информира Лимај во изјава за весникот „Зери“, на средбата ќе стане збор за модалитетите за продолжување на дијалогот меѓу Приштина и Белград.

– На средбата ќе бидеме само јас и Шпенд Ахмети. Повеќе се работи за средба на која ќе разговараме за натамошните модалитети за продолжување на дијалогот, изјави Лимај. с