Лимани: Бескомпромисната борба против корупцијата и криминалот е наша заедничка кауза со Беса

од Берта Китинска
206 прегледи

Наша заедничка кауза со Движењето Беса ќе биде бескомпромисната борба против корупцијата и криминалот, еден од најголемите феномени и неуспеси на постоечката власт. Овие се фактите и причините што странските инвеститори ја избегнуваат нашата земја и на овој начин отворајќи го патот младите ги напуштаат своите родни места, рече Фатмир Лимани кој денеска се приклучи на Движењето Беса.

-Потребно е градење на долгорочна стратегија за економско закрепнување и развој со што ќе им овозможиме на нашите млади да ја планираат својата иднина во својата татковина. Сето тоа преку отворање на нови работни места во приватниот сектор, но и елиминирање на целата државна бирократија која води кон мотивација на корупција и заминување на инвеститорите од нашата земја, рече Лимани.

Слични содржини