Лимани: Јас сум осуден на 15 години, а татко ми загина за Ахмети да може да се врати во својата родна земја

од Nikola Popovski
412 прегледи

„Мене ми е убиен во опсада татко ми, и јас сум осуден на 15 години, за да го донесам Али Ахмети во родната земја заедно со неговото семејство, заедно со неговите деца, заедно со неговата сопруга, за да живее заеднички живот со неговото семејство. Јас сум го сакал, сум го почитувал, продолжувам да го сакам и почитувам, но би требало да се повикам на совеста за тоа каде се моите деца, рече синоќа независниот кандидат за градоначалник на Кичево, Фатмир Лимани во гостувањето на емисијата „360 степени“, каде зборуваше и за својот однос со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој е и негов вујко.

-Секогаш сум го сакал и го почитувал и сега, но би требало совеста да ме праша каде се моите деца, децата на сите кои се жртвуваа за да го вратат Ахмети и многу други во родната земја. Ние таа војна ја водевме за права, за да живееме подобро, и тој напор и жрвтување го дадовме за да живееме подобро со нашите семејства. А, денеска ни се случува овој егзодус и живееме без нашите деца, рече Лимани, кој претходно беше дел од ДУИ.

Слични содржини