Лимани од Женева најави нови мерки за родова еднаквост и заштита на ранливите групи во Македонија

од Илинка Илиоска
36 прегледи

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, од денеска е во дводневна посета на Женева, заради учество на Регионалниот состанок за следење на напредокот на Пекингшката декларација и Платформа за акција за родова еднаквост (Пекинг +30).
Министерот Лимани во своето обраќање зборуваше за досегашното спроведување на Пекингшката декларација за родова еднаквост и заложбите на земјата за наредниот пет годишен период.

„Ќе продолжи процесот на донесување на нови законски решенија усогласени со ЕУ директивите, стратешки документи, програми и мерки за унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на жените особено во областите на заштита од дискриминација, насилство врз жените и родово базирано насилство, економското зајакнување и родово одговорното буџетирање, здравствената заштита и пристапот до сексуално и репродуктивно здравје, со посебно внимание кон маргинализираните и ранливи групи жени,“ рече Лимани во обраќањето.

Слични содржини