223
Потпретседателот на БЕСА и поранешен член на ДУИ, Фатмир Лимани смета дека „Огнената група“ од ДУИ контролира шест пратеници во актуелниот собраниски состав.
-Состојбата со владеачкото мнозинство е кревко и тоа е затоа што власта ги нема потребните бројки на пратеници. Нема двајца… Кастриот Реџепи, Зејди, Коџаџику, Изети. Има уште двајца пратеници кои не излегуваат, не се појавуваат. Ги знаеме, но нема да бидат дел од разговорот вечерва и не е коректно да ги спомнуваме, изјави Лимани во синоќешната емисија на „Клан Македонија“.
Лимани е исто така попознат и како внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.