Бајрам Лимани, в.д. претседател на разгранокот на ДУИ во Куманово, учесник во инцидентот во кој животот го загуби Џемаил Реџепи, ја даде следнава телефонска изјава за ТВ Алсат.
“Бевме на работното место, како вршител на должноста претседател на разгранокот на ДУИ во Куманово, заедно со моите придружници кои беа таму. Оваа група влезе на работното место и не нападна, сакаа да ми ги искинат документите и досиејата што ги имав пред себе. Не нападнаа со столчиња, со тупаници… Ние бевме принудени да го браниме нашето достоинство и ги извадивме оружјата за да ги заплашиме. Мојот придружник пукаше во воздух за да ги оттргне, но тие не се повлекоа. Тројца го нападнаа него, тројца или четворица мене и при физичката пресметка можно е да испукало некој куршум од пиштолите. Ние не сторивме ништо намерно. Што се случи ние не знаеме, бидејќи по неколку минути тепачка го напуштивме местото на настанат. Настанот е снимен и со камери, значи постојат снимки со кои можат да видат и да утврдат и органите на правдата и јавноста, и во Македонија и надвор од неа, дека многу ни е жал, но ништо не се случи по наша вина и одговорност. Жал ми е за се, со жалење велам, ова го чувствуваме и како наша слаба точка, но верувајте, бевме нападнати на работното место.“
Повеќе ТУКА
