Обезбедени се средства, имавме голема заложба и мерката Мој ДДВ ќе продолжи да се реализира, на задоволство на сите, со зголемен лимит на 2.100 денари, рече заменик претседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска, во интервју за Сител телевизија.
-Мерката Мој ДДВ даде резултат. Обезбедени се средства, повеќе од 2 милијарди се предвидени во буџетот затоа што ќе го зголемиме и лимитот. Како што ветивме од 2023 година ќе враќаме за едно тримесечие 2.100 денари кај граѓаните наместо досегашните 1.800 денари, рече Лукаревска.
Во однос на информациите за можни злоупотреби и попречување на можноста за скенирање на фискалните сметки, Лукаревска рече дека надлежните институции се редовно на терен и интервенираат да може процесот на скенирање фискални сметки непречено да тече.