На Goodwood Festival of Speed се претставуваат автомобили, кои се надградени во однос на
стандардните модели на пазарот. За време на настанот, покажан е автомобил, чиј возач се наоѓал
на илјадници километри далечина, откако управѕвањето на автомобил се случило преку 5G систем,
инсталиран од британскиот телекомуникациски оператор „Vodafone“.

Lincoln MKZ беше контролиран во подрачје, кое се користи за дрифтови и неговиот возач беше
далеку. Демото има за цел да покаже една од клучните предностите на 5G иновацијата, пишува
Pocketlint.
За да биде успешен таков начин на возење автомобил, не треба да има задоцнување или, ако е
така, тоа да е минимално во 5G врската, преку која се остварува комуникацијата помеѓу возачот и
автомобилот. Контролата се случува преку уредот Samsung S10 5G, монтиран на покривот на
автомобилот, а тоа е направено најмногу за шоуто и демонстрацијата, а немало посебна функција.
Lincoln MKZ е опремен со систем за телеоперација Designated Driver. Технологијата овозможува
беспрекорно телеоперирање на автономни и неавтономни возила, главно за надминување на
пречка или предизвикувачки терени.
„Возбудени сме што имаме можност да сме тука и да покажеме на светот она што може да се
добие, откако ќе се комбинираат телеоперациите, виртуелната реалност и 5G мрежата“, вели
Мануела Пападопол, извршен директор на Designated Driver.
„Ние можеме да постигнеме најниска можна латентност со користење на 5G, што ќе им овозможи
на возачите да возат автомобили со поголеми брзини“, додава таа.
„Кариерата ми мина откако управував автомобили до границата на нивните можности, но никогаш
не сум замислувал да го правам тоа, користејќи виртуелна реалност, смартфони и далечински
управување“, вели еден од возачите, кои го управувале возилото на фестивалот од далечина.