Линда Евангелиста важеше за една од најубавите жени во светот и е една од најуспешните манекенки досега.
Денеска има 58 години и ужива во животот, а неодамна откри дека нема момче, и дека веќе некое време не ја интересираат таквите врски.
„Не ме интересира тоа. Не сакам повеќе да спијам со никого. Не сакам да слушам како некој дише“, изјави таа за Sunday Times.
Таа отворено проговори и за проблемите кои ги имала по една естетска процедура, поради кои се криела од јавноста повеќе од две години. Имено, Евангелиста се обидела да ослабе со помош на CoolSculpting третмани кои работат на принципот на замрзнување на масните клетки. Но, се имало спротивен ефект и масните клетки ѝ се зголемиле, а лекарите набрзо ја известиле дека деформитетот е траен и дека нема да можат да го поправат.
Линда најпрво се обвинувала за сето тоа, но, како што вели, веќе не е така.
„Не се обвинувам повеќе себеси. Повеќе не сум сурова кон себе. Сè уште сум малку вознемирена од тоа што мислат луѓето за мене, но порано повеќе ми пречеше“, изјави таа за споменатите медиуми.
„Сега знам дека не направив ништо лошо. Долго време мислев дека направив. Не сум се ослободила целосно од тоа чувство, но напорно работам да се ослободам од вината и срамот. Не дозволувам да ми го уништи животот. Немаше да останам затворена да знаев колку луѓе се грижат“, додала манекенката.