Лицето на некогаш најубавата жена на светот е уништено: Бев во длабока депресија (ФОТО)

од Nikola Popovski

Поранешниот топ модел Линда Евангелиста излезе на социјалните мрежи по повеќе од пет години молчење. За Линда се пишуваше дека станала непрепознатлива, и дека драстично се променила, а сега објасни во долга објава на Инстаграм што всушност и се случило.

„Денес, решив да направам голем чекор, сакајќи да поправам се што е погрешно и да откријам низ што поминав и чував во себе повеќе од пет години. За сите мои обожаватели кои се прашуваа зошто не работам, додека кариерите на моите колеги, со кои ја започнав модната приказна, беа повеќе од успешни – причината лежи во фактот дека третманот CoolSculpting брутално ме уништи и го направи спротивното од она што ми беше ветено“, започна Линда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

„Наместо да ми ги намали масните наслаги, тој ги зголеми и ме остави трајно деформирана, дури и откако ми беа извршени две болни, но неуспешни операции. Останав, исто како што пишуваа медиумите, непрепознатлив. Имав парадоксална хиперплазија на масното ткиво и не бев предупредена за таа можна последица и ризик пред третманот. Поради тоа, не само што останав без егзистенција, туку и поради тоа, паднав во длабока депресија, тага и го почувствував најголемиот презир кон себе “, додаде таа.

„Во тој процес, станав осамена, а со оваа тужба, сакам да продолжам понатаму, да го тргнам тој срам од себе и јавно да ја раскажам мојата приказна. Уморна сум од ваков живот. Посакувам да можам да излезам од дома со крената глава повторно, и покрај фактот што повеќе не личам на себе“, заклучила таа.

Инаку, Линда беше една од најуспешните и највлијателните модели во 90-тите години. Во една прилика, таа изјави дека не станува од кревет за понуда помала од 10.000 долари. Во времето на нејзината најголема слава, таа беше прогласена за најубава жена на светот.

 

Слични содржини