Линделоф со позитивни зборови за првите денови на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф проговори за своите први впечатоци од новиот тренер на тимот Ерик тен Хаг и почетокот на подготовката на „црвените ѓаволи“ под негово водство.

Швеѓанецот рече дека Холанѓанецот има големи барања, но исто така јасно кажува што се бара од играчите, што беше една од критиките за Ралф Рангник кога се тврдеше дека играчите не ги разбираат упатствата.

„Се е фантастично откако дојде новиот тренер, одлично објаснува и одлично ги води тренинзите. Нивото на обука навистина се зголеми. Мислам дека тој е многу добар во своето внимание на деталите. Ако нешто не е во ред, тој застанува да ни објасни што се бара, што е многу добро за нас. Првата недела беше малку поинаква. Оваа година веќе направивме малку поинтензивни трчања и вежби, но тоа е нормално. Тој бара многу од нас, но мислам дека така треба да биде во ваков клуб. Откако се вративме, сите навистина го слушаат новиот менаџер и се обидуваат да го научат неговиот стил на игра. Ова мора да го покажеме на теренот, а за тоа е важно да бидеме тим за да го постигнеме тоа“, изјави шведскиот дефанзивец.

Манчестер Јунајтед веќе е во Тајланд, а во вторник ќе ја одигра првата контрола против Ливерпул.

Слични содржини