Линеарното покачување не е во прилог на сите пензионери, рече Тренчевска

од Nikola Popovski
468 прегледи

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска информира дека работната група работи на мерки кои што ќе го подобрат животниот стандард на пензионерите. Во извештајот што го подготвуваат и кој треба да биде доставен неделава во владата, нема мерки за линеарно покачување на пензиите.

Според Тренчевска, линеарното покачување не оди во прилог на сите пензионери.

-Со новата методологија, само за година и половина, најниската пензија е покачена за 3200 денари, а согласно растот, така ќе се применува и понатаму и ќе се оди со законското решение, кажа Тренчевска.

Додаде дека е легитимно пензионерите да протестираат, нагласувајќи дека ќе продолжат да разговараат со пензионерите, но не за линеарно зголемување.

-Секое нереално покачување на пензиите и секое нереално трошење на средствата во Фондот за пензиско и инвалидиско осигурување, значи дека ќе ги доведеме во несигурност исплатата на пензиите на сите 330 илјади пензионери. Како министерка нема да дозволам да се наруши стабилноста на Фондот, децидна е Тренчевска, истакнувајќи дека ниските пензии не се доволни, но мора да се има во предвид пензискиот систем и да се креира мерки со повеќе средства на трансакциските сметки на пензионерите.

Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите за 3500 денари и минимална пензија од 18.000 денари.

Слични содржини