135
Нотингем Форест не сака да остане во Премиер лигата само една година, па денеска го претстави 11-тото засилување.
Повратникот во елитата го ангажираше Џеси Лингард.
Нотингем Форест ќе му дава на Лингард 200.000 неделно, а тој пристигна откако му истече договорот со Јунајтед.
Го посакуваше и Вест Хем, но не можеше да одговори на финансиските барања на искусниот фудбалер.
Првата објава дека Лингард е во Нотингем Форест ја даде синот на сопственикот, Милтијадис Маринакис.
Лингард имаше бројни понуди од Блискиот Исток и Соединетите Американски Држави.