Лингард размислува за понуда од Саудиска Арабија

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард планира да донесе одлука за нов клуб следната недела, според Атлетик. 29-годишниот Англичанец ќе донесе одлука најдоцна до 22 јули.

Лингард е склон да одбие понуди од клубови од американската МЛС и да се пресели во неименуван клуб во Саудиска Арабија, кој е подготвен да му плаќа на играчот 10 милиони фунти годишно.

Фудбалерот стана слободен играч на крајот од сезоната 2021/22 поради истекот на договорот со Манчестер Јунајтед. Минатата сезона, играчот од средниот ред постигна 2 гола и направи 1 асистенција на 21 натпревар за клубот.

Слични содржини