Херојот за Англија, Џеси Лингард изјави дека сака да го задржи своето место во составот и за светското првенство, а со вакво претставување, сигурно ќе го направи тоа.
Играчот синоќа го постигна својот прв гол во националниот тим, за да ја донесе првата победа на „Трите лава“ над Холандија од 1996-та година, откако тимот успеа да триумфира со 1:0 во Амстердам. Секако по натпреварот тој беше повеќе од задоволен.
„Ова е еден од најдобрите моменти во мојата кариера, можеби дури и најдобар. Секогаш е задоволство и чест да постигнувам голови, а да го направам тоа со националниот тим беше навистина прекрасно“, изјави играчот.
„При голот се обидов да бидам концентриран, имав доволно време и ударот излезе според планот. Се разбира дека сакам да одам во Русија и на крајот кога работиш, добиваш награда за својот труд. Затоа јас ќе продолжам да работам и ќе видам каде ќе ме однесе тоа“, додаде тој.
Лингард има и на многу добра сезона за Манчестер Јунајтед, откако има 13 гола на сметката и тоа без да биде меѓу стартерите во тимот. Силен крај на кампањата за „Црвените ѓаволи“ сигурно ќе го остави во сметките на Герет Саутгејт за Мундијалот.