175
Џеси Лингард му се приклучи на ФК Сеул, објави новинарот Фабрицио Романо.
Поранешниот англиски репрезентативец е без клуб по разделбата со Нотингем Форест на крајот од минатата сезона. 31-годишниот напаѓач го напушти Нотингем кога му истече договорот.
Лингард во вторникот ги помина медицинските прегледи во клубот и се очекува официјално да биде претставен во наредните денови.
Англичанецот е поранешен играч на Манчестер Јунајтед, Вест Хем, Лестер, Брајтон и Дерби Каунти.
Џеси Лингард учествуваше на Светското првенство во 2018 година со селекцијата на Англија која стигна до полуфиналето.