Линхарт утре во Скопје

од Берта Китинска
349 прегледи

Утре (18 ноември, 2021 год.) Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи ќе биде домаќин на Сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Михаил Линхарт. Во фокус на разговорите се очекува да бидат севкупните билатерални политички и економско-трговски односи, како и за европската интеграција на Република Северна Македонија, со акцент на претстојниот декемвриски Самит на Европската унија.

Во рамки на официјалната посета во Северна Македонија, покрај средбата со Османи, Линхарт ќе се сретне и со политичкиот државен врв, меѓу кои со Претседателот, Стево Пендаровски, Премиерот, Зоран Заев и првиот заменик премиер, Артан Груби.

Освен политичката делегација, Линхарт ќе биде придружен и од страна на австриска економска, односно бизнис делегација, при што исто така ќе оствари средби и со економските ресори на Владата. Дополнително е планирано оддржување на бизнис настан со цел унапредување на трговската размена и искористување на инвестициските можности.

Слични содржини