Линијата на фронтот на пожарот кај Пепелиште е подолга од еден километар

од Milan1
72 прегледи

Голем пожар избувнал денеска околу 10.30 часот на отворено во атарот на с. Пепелиште, во близина на армискиот камп за обука Пепелиште кој е составен дел на армискиот полигон Криволак.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека после неуспешниот обид од страна на питомците пожарот да биде ставен под контрола, тој се проширил и се движи во насока кон сртот на Конечка планина (планина Серта) од десната страна на регионалниот пат Неготино – Штип.

-Линијата на фронтот на пожарот е подолга од еден километар. Во овој момент не е загрозено населено место ниту има таква тенденција но пожарот се движи кон два далеководи од кои едниот од 410 киловолти се исклучил самиот а другиот од 110 киловолти е сеуште во функција. Ветрот кој постојано дува менувајќи го правецот дополнително го отежнува гаснењето на пожарот, информираат од ЦУК.

Слични содржини