Лион ќе биде исфрлен од Лига 1 доколку не ги санира финансиите до крајот на сезоната

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Националната дирекција за контрола и управување (DNCG) му одреди строга казна на Лион поради долгот од 505,1 милиони евра: забрана за купување играчи и исфрлање од Лига 1 во Лига 2 доколку не ги подмири долговите до крајот на сезоната.

Челниците на Лион имале средба со DNCG и ја објасниле сложената економска ситуација во која се наоѓаат со долг од 505,1 милиони евра. Се обиделе да го објаснат потеклото на долгот од Лион, а сопственикот Џон Текстор смета дека најавените мерки нема да се спроведат бидејќи има план за санација.

„Игл фудбал холдинг“ до крајот на годината ќе донесе 75 милиони евра „во форма на акционерски капитал“, а планиран е и приход од продажба на играчи во јануарскиот преоден рок. Лион до крајот на јануари треба да го намали долгот за најмалку 100 милиони евра за евентуално да избегне извршување на казната на крајот од сезоната“, вели тој.

DNCG работи независно од фудбалските власти, ако „цифрите не се валидни и не се опфатени“, тогаш големиот клуб ќе мора да ги сноси и последиците. Тешки денови за „лавовите“…

Слични содржини