Лишен од слобода дилер на амфетамин во Скопје

од Nikola Popovski

Денеска (14.11.2021) во координирана полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес на ул.„Љуба Петровиќ“ кај Ж. Ј. (39) во Скопје.

При претресот во неговиот дом се пронајдени едно поголемо полиетиленско пакување со синтетичка дрога амфетамин, како и марихуана, сад со синтетичка дрога амфетамин, вага со остстоци од амфетамин. Ж.Ј. е лишен од слобода и спроведен во ПС Гази Баба и против истиот од страна на СВР Скопје ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 215 од КЗ.

Слични содржини