Лишен од слобода и вториот напаѓач на Пендиков

од Stefanija Kuzmanovska
418 прегледи

Вториот напаѓач на Христијан Пендиков доцна синоќа се предал во полицијата во Охрид.

Се работи за битолчанецот Б.А. (23).

„Нему му се заканува задолжително притворање доколку судот во Охрид не одлучи да го ослободи како што утврди за првиот напаѓач Илија Спасески. Има и трет напаѓач, не знаеме кој е и не знаеме дали полицијата во Охрид трага по него“, споделија од бугарската фондација „Македонија“.

За случајот извести и Министерството за внатрешни работи.

„На 21.02.2023 во 17.00 часот, полициски службенци од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.А.(23) од Битола. Тој бил баран по централна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. Тој бил задржан во полициска станица и ќе биде предаден на надлежното ОЈО“, велат од МВР

Слични содржини