1
МВР соопшти дека околу 3:45 часот утрово во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потрага, го лишија од слобода Ј.Т. (58) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба од Основен суд Скопје 1, за затворска казна во траење од пет години.
Тој бил осуден за кривично дело измама, според чл.247 ст.3 од Кривичниот законик.
Ј.Т. е предаден на КПУ Затвор Идризово.